ПРОДУКТИ

Продукт 2.1.2 – Веб-локација на проектот / Project website

Изградба на веб-локација на проектот што ќе се ажурира и одржува за целото времетраење на проектот, претставувајќи ја официјалната веб-локација за промоција и унапредување на проектот и неговите активности. Нејзиното работење ќе придонесе за електронска промоција на туризмот во прекуграничната област, истакнувајќи ги бизнисите што се вклучени во развојот на туризмот.

Продукт 2.1.3 – Печатен и електронски информативен материјал

Печатен и електронски рекламен материјал за проектот, како за неговите тековни активности, така и по неговото завршување.

2.1.4 Продукт – Јавни настани

Организирање работилница на почетокот на програмата

Deliverable 2.2.4 – Public Events (2 Final and 2 Open)
Продукт 3.1.5 - Опрема за креирање и прикажување туристички информации/ Equipment for creating and displaying tourist information

Дигитален (аудиовизуелен) информативен материјал за промоција на туристичките пакети – маршрути и на брендот на областите, за телевизиска и онлајн промоција, како и промоција на социјалните мрежи.

Испорачено 4.1.5 - Креирање на прирачник - Handbook

Развој Кукуш (Α.Α.Ε.) Анонимна развојна компанија (ΟΤΑ) Локалана самоуправа – “ΑΝΚΙ” во рамките на спроведувањето на акциите од проектот „NETOURAL“ изготвува методолошки прирачник прилагоден за корисникот, кој се однесува на управувањето со производи и проекти за одржлив туризам

Според Светската туристичка организација (UNWTO), одржливиот туризам (sustainable tourism) е „туризам кој целосно ги зема предвид неговите постоечки и идни економски, социјални и еколошки влијанија и одговара на потребите на посетителите, секторот и заедниците во дестинациите на прием.“ Исто така, ја препорачува активноста „што се смета дека води кон управување со сите ресурси на таков начин што економските, социјалните и естетските потреби можат да се задоволат со паралелно одржување на културниот интегритет, основните еколошки процеси, биолошката разновидност и системот за поддршка на животот“. Во големото семејство на одржлив туризам се вклучуваат и мек туризам, зелен туризам, алтернативен туризам итн.

Во Грција, каде што туризмот обезбедува 25% од нејзиниот БДП (бруто домашен производ) и претставува мотор на економијата, одржливиот туризам нуди можности за уште поголемо движење напред. Одржливиот туризам може да придонесе за одржување високи и стабилни нивоа на економски развој не само во туристичките региони каде што е клучен столб на економскиот и социјалниот живот, туку и во целата земја. Главната цел на сегашната национална туристичка политика е Грција да стане земја модел за одржлив туризам.

Оттука, создавањето на ваква „алатка“ за бизнисите и телата на туристичката политика се смета за апсолутно важно и критично, особено за Регионална Единица Кукуш и општо за прекуграничниот регион каде од една страна одржливиот развојот на одржливиот туризам е центрипетален политички избор, а од друга страна, развојот на туризмот заостанува во средина која сепак е совршено приемчива и привлечна за развој на одржлив туризам.

Продукт 5.1.2 - Организирање локален настан/микроизложба за операторите во прекуграничната област
Продукт 5.1.3 - Вмрежување и синергии: Туристички фестивали и манифестации, Учество на туристички изложби

Учество на широко призната туристичка изложба, со цел да се развијат синергии и да се експлоатира идејата за NETOURAL.

Испорачено 5.1.4 - Изработка на студија за маркетинг и брендирање – marketing & branding

Изработката на план за развој на туристички маркетинг и стратегијата за развој на бренд на регионалната единица Кукуш, се спроведува од страна на Развој Кукуш (Α.Α.Ε.) Анонимна развојна компанија (ΟΤΑ) Локалана самоуправа – “ΑΝΚΙ”, во рамките на спроведувањето на акциите од проектот „NETOURAL“. Акцијата се спроведува со цел зајакнување на развојот на туризмот во прекуграничната област, во насока на транснационалната соработка, со акцент на одржливиот туризам и неговите алтернативни форми (wellness туризам, wellbeing итн.).

Дејствија кои се вклучени во рамките на спроведување на акцијата се:

  • Презентирање на примери за примена од меѓународно и национално искуство,
  • Презентација на европски, национални, регионални и локални политики поврзани со развојот на туризмот
  • Мапирање и евалуација на постоечката состојба на Регионална Единица Кукуш како туристичка дестинација со цел нивно искористување за да се создаде конкурентен идентитет и единствена вредносна понуда
  • Дијагностика и евалуација на постојните туристички ресурси (природни, историски, културни и сл.).
  • Активности за развој и промоција на туризмот
  • Анализа на трендовите и перспективите на поширокото опкружување на туристичката економија
  • Таргетирање на атрактивни пазари и пазарни сегменти, врз основа на очекуваната профитабилност и специфичните карактеристики на дестинацијата
  • Креирање на специјализирани туристички производи кои ќе бидат презентирани преку Маркетинг акции
  • Идентификување и обликување на саканата слика и идентитет
  • Идентификација на потенцијални пазари и цели, сегментација на пазарот, евалуација на каналите за промоција и поддршка
  • Развој на систем за управување со рути и нивна поддршка преку нови технологии.