Програма

Програма за прекугранична соработка INTERREG IPA „Грција – Република Северна
Македонија 2014-2020“

Програмата за прекугранична соработка INTERREG IPA „Грција – Република Северна Македонија 2014- 2020“ нуди широки можности за соработка, добрососедски односи и социоекономски развој во нашите земји.

Нашиот прекуграничен регион ги ужива придобивките од огромната, разновидна и претежно чиста природна средина, но,
исто така, се соочува со многу социоекономски предизвици. Овој регион, каде што се наоѓаат Солун, Кукуш, Едеса, Лерин Пела и Вардари, Пелагонија, југоисточниот и југозападниот регион, е сцена за заеднички акции на нашите земји.

Нашата заедничка програма им овозможува на јавните власти, на приватните непрофитни организации и на другите институции, како и на граѓаните, да работат заедно на заедничките предизвици и проблеми, барајќи попаметни решенија што најдобро може да се постигнат кога соработуваме.

Нашите проблеми може да бидат одделни или различни, но нашите постапки се заеднички. Тоа е соработка што нè учи да бараме соработка, да ги здружуваме силите и да ги споделуваме активностите во сите области од заеднички интерес, како што се конкурентност, животна средина, туризам, транспорт, вработување, здравство и социјални прашања.

Европската Унија, Грција и Република Северна Македонија обезбедуваат повеќе од 45.000.000 €, од 2014 до 2020 година за поддршка на нашата работа. Од создавање нови работни места до почитување на животната средина во нашиот регион, ние учиме заедно да се разбереме едни со други. Наша заедничка цел е еден подобар секојдневен живот.

Програмата се базира врз следниве две приоритетни оски што ги одразуваат идентификуваните потреби и предизвици.

Приоритетна оска 1: Развој и поддршка на локалната економија

Приоритетна оска 2: Заштита на животната средина – Транспорт