ПРОЕКТ

ЗА ПРОЕКТОТ

Причина за развој на проектот

Прекуграничниот регион на Централна Македонија и Република Северна Македонија се карактеризира со голема разновидност на културно и природно наследство и значајни туристички ресурси. Искористувањето на ова наследство и ресурси претставува еден силен потенцијал за економски развој и создавање можности за вработување. Перспективата, но и реалната можност за искористување на овој потенцијал, во една област каде што недостига еден холистички пристап кон достапниот туристички производ и каде што истовремено се забележуваат високи стапки на невработеност, беше основа на овој проект.

slider

Кои институции соработуваат во спроведувањето на NETOURAL?

EnjoyKilkis-1024x680-Φωτογραφικό-Άλμπουμ36 - Αντιγραφή

Четири институции, по две од секоја земја, создадоа едно динамично партнерство, со посветеност да развијат и имплементираат еден иновативен модел за дизајн, управување и промоција на тематски туристички производи.

Овие институции се:

  • Акционерското [Development]друштво за развој на Кукуш Орган [Local Government Organisations]на локалната самоуправа (Координативен
    партнер)
  • Грчката федерација на хотелиери
  • Општина Конче
  • Туристичката асоцијација на Струмица

Кои се целите на проектните активности?

  • Развој на активности за создавање специјализирани и оригинални туристички искуства и услуги.
  • To diversify transnational and cross-border tourism opportunities by creating and promoting market- Диверзификација на меѓудржавната и прекуграничната туристичка понуда преку создавање и промовирање пазарно ориентирани меѓудржавни тематски туристички производи.
  • Промоција на алтернативните форми на туризам во прекуграничниот регион со акцент на велнесот и гастрономскиот туризам.
  • Зголемување на мобилноста и промовирање на пристапноста од еден регион/земја во друг/а.
  • Интегрирано градење капацитети и подобрување на вештините и компетенциите на професионалците и вработените во туристичкиот сектор, како и развој на иновации од страна на малите и средните претпријатија, со цел подобрување на нивната конкурентност и создавање нови работни места.
  • Промовирање иновации и усвојување нови информатички технологии во туристичкиот сектор преку воведување заеднички ИКТ-алатки и примена на неконвенционални иновативни форми на искуствен маркетинг и промоција (Blogger Experiences).
  • Зајакнување на соработката за одржлив туризам што ќе ги зајакне конкурентноста, одржливоста и диверзификацијата на туристичката понуда.

Што ќе прави NETOURAL?

  • Ќе создаде серија искуствени туристички пакети подготвени за пуштање на пазарот што ќе опфаќаат туристички маршрути со акцент на велнесот и гастрономскиот туризам.
  • Ќе создаде атрактивни туристички информативни точки и постојано туристичко место за промоција.
  • Ќе развие планови за туристички маркетинг и стратегиски развојни планови за брендирање (Place branding).
  • Ќе изработи Методски прирачник (Handbook) за управување со одржлив туризам што е лесен за користење.
  • Ќе организира посети од страна на патувачки блогери, објавувајќи ги нивните искуства на социјалните мрежи.
  • Ќе креира печатен и електронски материјал што ќе ја промовира областа (брошури, видеа).
  • Ќе организира мултидисциплинарни работилници за обука и консалтинг «Experiential Labs».
  • Ќе организира локални туристички изложби, како и учество на туристичката изложба „Philoxenia 2023“.
full-shot-fit-women-doing-yoga-nature
beautiful woman meditating outdoors
friends-eating-conversating-restaurant

Кој ќе има корист од активностите на NETOURAL?

Од имплементацијата на проектот корист ќе има еден широк спектар на засегнати страни што, директно или индиректно, се засегнати од развојот на туризмот во прекуграничната област, како што се: бизниси во туристичкиот синџир, национални, регионални и локални тела, невладини организации и здруженија, креатори на јавното мислење, граѓани.

Имплементацијата на NETOURAL е важна бидејќи…

  • Ќе создаде силни и трајни врски помеѓу јавните власти, актерите за претприемништво, здруженијата и невладините организации, развивајќи полезни синергии за развој на туристичкиот сектор во прекуграничната област.
  • Ќе ја подобри атрактивноста на туристичкиот производ преку мапирање и организирање тематски туристички маршрути.
  • Ќе го поттикне развојот на туризмот во текот на целата година, со диверзификација на понудата, зголемувајќи ја побарувачката.
  • Ќе развие нови типови бизнис-модели што ќе овозможат диверзификација на деловните активности според можностите на регионот и желбите на туристите/посетителите.
  • Ќе го зајакне вмрежувањето помеѓу бизнисите вклучени во туристичкиот синџир, олеснувајќи ја трансформацијата на новите идеи во одржливи бизниси.
  • Ќе го зголеми бројот на самовработени лица и на малите и средните претпријатија што произведуваат производи и услуги што може да се користат за развој на туризмот и да создаваат додадена вредност во прекуграничната област.
  • Ќе обезбеди подобрени знаења и вештини, вклучително размена на искуства и добри практики, иновации и градење капацитети за вработените и претприемачите.