
Ден на информации “NETOURAL”
јуни 20, 2023
Претстојно учество на Philoxenia 2023 година
август 22, 2023АНКЕТА НА МИСЛЕЊЕТО ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРЕФЕКТУРАТА КУЛКИС КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА
Организацијата ,,Анаптиксијаки Килкис,, (Развој за Килкис) превзеде иницијатива за подготвување на студија за туристички маркетинг и стратешки развој на туристичкиот идентитет на Околијата Килкис. . Во овој контекст, мислењата и предлозите на сите алки на туристичкиот синџир во однос на моменталната состојба, но и можностите за промовирање на Околијата Килкис како туристичка дестинација не само што се корисни туку и неопходни.
Анкетата за мислење што се реализира, е упатена кон сите локални органи, жителите, но и посетителите на Околијата Килкис и секако кон претпријатијата (туристички агенции, сместување, ресторани, агротуристички бизниси, бизниси на отворено или за културни активности, итн.) во Околијата Килкис.
Ве каниме, значи, да учествувате во таа анкета, пополнувајќи го електронски, од вашиот компјутер или мобилен, online прашалникот што се однесува на вас и ќе го најдете преку подолу наведените линкови, до 08/10/2023год
- Прашалник за жители: https://forms.gle/jCJq73k48TEFQw1m9
- Прашалник за туристички претпријатија: https://forms.gle/jUFZ1txP15rgm6tF8
- Прашалник за посетители (на грчки): https://forms.gle/LN1HJUfRQcTVYon78
- Прашалник за посетители (на англиски): https://forms.gle/mhv3rRyQpahQ4bEb9
- Прашалник за организации: https://forms.gle/THBt9SFSZ4Yd2xwY6
Нагласуваме дека не постојат “точни’ и ‘погрешни’ одговори. Проценетото време за одговор на прашалникот изнесува 5’ – 7’минути.. Проценетото време потребно за пополнување на прашалникот е 5 до 7 минути.
За било какво потребно за вас разјаснување или информација, можете да стапите во контакт со гг Панагиотис Константинидис, телефон 223410 25305 (Организација Анаптиксијаки Килкис) и Атанасија Султана, телефон 2310403371-2 (Друштво Гноси Анаптиксијаки Симвулефтики ИКЕ).
Анкетата за мислење се спроведува во рамките на проектот: “ Промоција на алтернативен туризам во прекуграничната област со фокус на активности за велнес и благосостојба, заедно со промоција на квалитетни земјоделски производи и храна, за создавање на можности за вработување” со кратенкатаНЕТУРАЛ, финансиран од Интеррег ИПА програма за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“.
Однапред ви благодариме за одвоеното време во поддршката на овој напор кој на крајот има за цел да придонесе за развојот на нашата земја.
Имајќи ја предвид Општата регулатива за заштита на податоците (ЕУ) 2016/679 и авторските права, ве уверуваме дека, во сите случаи, вашите информации ќе се користат исклучиво и исклучиво за целите на ‘НЕТУРАЛ’ проект и за спроведување на истражувањето на мислењето, и нема да се користи или обелоденува поради која било друга причина и цел (на пр. за цели поврзани со рекламирање или маркетинг на производи или услуги).
.




